Skip to main content

Мадуро ќе распореди над 4,5 милиони полицајци низ земјата поради заканите на САД дека ќе го апсат

Facebook/Nicolás Maduro
Facebook/Nicolás Maduro

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро најави дека ќе нареди распоредување на над 4,5 милиони полицајци низ целата земја, поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Мадуро треба да биде уапсен.

Според официјалната шпанска новинска агенција ЕФЕ, Мадуро за државната телевизија изјавил дека САД ја удвоиле наградата од 25 милиони долари на 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот лидер.

Оваа недела ќе започнам посебен план што ќе вклучува над 4,5 милиони полицајци што ќе ја покриваат целата земја“, изјавил претседателот на латиноамериканската земја.

Поврзани вести