
Арнолд Возлу, т.е. славниот Имотеп, конечно и официјално се враќа во „Мумија: Книга на мртвите“ (The Mummy: Book of the Dead). Јyжноафриканскиот глумец со видео на Фејсбук потврди дека повторно ќе ја толкува својата култна улога спроти Брендан Фрејзер, а снимањето на филмот треба да почне овој месец.
Можам да потврдам. Тукушто го потпишав договорот и, заедно со Брендан, снимаме уште еден филм „Мумија“. Ликот на Имотеп се враќа и јас го глумам, почнувам овој ноември. А, мислам оти филмот ќе излезе следната година“, вели Возлу во видеообраќањето.
„Мумија: Книга на мртвите“ би бил четврти дел од овој филмски серијал. Улогите ќе ги продолжат и Рејчел Вајз, Тара Емад, Одед Фер, Џон Хана и други познати лица од претходните филмови од сагата.

Македонски



