Skip to main content

Нетанјаху го нападна Албанезе: Ќе бидете запаметени како слаб политичар кој го предаде Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нападна австралискиот премиер Ентони Албанезе, велејќи дека тој го предал Израел и ја „напуштил“ еврејската заедница во својата земја.

Нетанјаху напиша на платформата „X“ дека историјата ќе го памети Албанезе како слаб политичар кој го предал Израел.

Неговата изјава доаѓа откако израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар објави откажување на визите за престој за австралиските дипломатски претставници во Палестинската самоуправа.

Австралија, исто така, неодамна им забрани влез во земјата на поранешната министерка за правда Ајелет Шакед и на произраелската активистка Хилел Фулд.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг претходно изјави дека укинувањето на визите е „неоправдана реакција“ од страна на Израел.

-Во време кога дијалогот и дипломатијата се потребни повеќе од кога било, владата на Нетанјаху го изолира Израел и ги поткопува меѓународните напори за мир и решение за две држави, се вели во соопштението.

Поврзани вести