Skip to main content

Министерството за спорт ги награди македонските одбојкари со три милиони денари за пласманот на ЕП 2026

Одбојкарска репрезентација на Македонија

Министерството за спорт додели премија од три милиони денари (околу 50.000 евра) на машката одбојкарска репрезентација за пласманот на Европското превенство 2026.

Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје се пласираа на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За репрезентацијата ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на во 2019, 2021 и 2023 година.

Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите.

Поврзани вести