Skip to main content

Манасиевски: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра

Freepik

Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус + преку Заев и Димова добил 200 илјади евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Протежето на СДС, Љубомир Фрчкоски добил грант од Еразмус + вреден 200 илјади евра под програмата “стратешко партнерство”, како награда за неговите навреди и омаловажувања врз македонскиот народ. Кога велиме дека СДС ја користел Агенцијата Еразмус +, за делење на грантови на свои луѓе, тоа се потврдува и со случајот со Фрчкоски. Како ректор на еден од факултетите во државата, по само 2 месеци од неговото назначување, благодарејќи на Фрчкоски, факултетот го добива првиот грант во нивната историја. Скандалозно во грантот е тоа што проектот траел од 01.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.04.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк. Како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор? Кој го евалуирал проектот? Дали во Агенцијата некој вршел контрола за тоа како се води токму овој проект? Зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН? Ова е школски пример за тоа како СДС раководеше со државата. Не само што делеа пари на професори и свои партиски кадри, туку по падот од власта, тие поднесоа кривични пријави против училиштата, за да го свртат вниманието и да ги прикријат овие грантови, истакна Манасиевски.

Вистината излегува на виделина. Криминалот и корупцијата на СДС нема да останат скриени, додаде Манасиевски.

Од СДСМ пак велат:

Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите. И наместо да побара одговорност ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината. Не се само 2.2 милиони евра во прашање.

ВМРО-ДПМНЕ пак прашува – ако имало злоупотреба што чекале СДСМ 8 години.

Поврзани вести