Skip to main content

Тешко повреден 13-годишник на електричен тротинет

архива

Вчеравечер во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Поврзани вести