
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека од вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати. Намалувањето важи за сите видови горива, а најзначајно поевтинување има кај екстралесното масло за домаќинство.
Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Истото намалување од 0,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе изнесува 77 денари по литар.
Дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 денар и од утре ќе чини 68,5 денари по литар. Најголемото намалување е кај екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поевтинува за 1,5 денари, со што новата цена ќе изнесува 68 денари по литар.
И цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,2 денари, па од утре ќе се продава по 39,9 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека промените во цените се резултат на движењата на референтните берзански котации на нафтените деривати во изминатите седум дена