
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности за изградба на нова спортска сала во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци, Општина Петровец.
Со овој проект, учениците и жителите на Огњанци ќе добијат современ спортски објект кој ќе овозможи подобри услови за настава по физичко образование и за спортски активности на локалната заедница.