
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ Алсат говорејќи притисоците врз цените и стандардот на граѓаните истакна дека иако, како што рече, живееме во невидлива трета светска војна, состојбата е многу подобра од пред четири години кога на власт беа СДСМ и Филипче.
Еве дозволете ми за тоа да ви дадам одговор со бројки. Јас не зборувам на чувства, зборувам со бројки. Еве ако го анализираме третиот квартал во 2022-та и ако го анализираме третиот квартал во 2026-та, просечната инфлација, цените во 2022-та се 67% над просекот во Европа. Ако просекот во Европа е 10 запирка нешто проценти, кај нас просекот, инфлацијата тогаш била околу 17 проценти. Денеска инфлацијата во третиот квартал 2026-та во Македонија е за 25% пониска од европскиот просек. Ако денеска просекот јули, август и септември е некаде околу 2 ипол, 2,57%, а европскиот просек е некаде 3-3,3%, тогаш доаѓаме до заклучокот дека во 2022-та во третиот квартал цените во Македонија биле за 67% повисоки во однос на Европската Унија – потенцираше Мицкоски и додаде: Јас сум политичар којшто води политика на основа на бројки и бројките се дел од статистиката и врз основа на бројките вие цените дали одите напред, стагнирате или уназадувате. Јас само сакам да кажам дека сега бројките се неколкукратно подобри од пред четири години.
Што сде однеусва до посетата на претседателката на ЕК, тој рече дека пораката од Урсула фон дер Лајен јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи.
Пораката од претседателката на Европската Комисија беше многу јасна и децидна која што го демантираше ова кое што го збори домашната опозиција – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „импресивна“, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.
Таа вели вие правите импресивна работа, тоа ќе се согласите претставува највисока ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинација која таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме – посочи премиерот Мицкоски.

Македонски


