Skip to main content

Тинејџери се судрија со мотори, 12-годишник е тешко повреден

архива

Вчера околу 21:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“, управуван од 15-годишник од Струмица и мотоцикл „педа“, управуван од А.Н.(19) од с.Василево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишен сопатник од мотоциклот „педа“ од Струмица, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Поврзани вести