Skip to main content

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која утре може да ги продаде и државните интереси, остро реагираше вечерва премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на завршниот митинг пред локалните избори во Брвеница, што ќе се одржат во недела.

Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина за сите граѓани и избор со кој Брвеница ќе се подели, за жал. Вчера тука беше Венко Филипче. Немаа програма, немаа дела кои ги понудија, но имаа навреди, омаловажувања, арогантен однос. Кажаа некаков проект и освен тоа што видовме неартикулирано викање, беседење и исплашени луѓе на бина, буквално ништо друго не видовме – изјави Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека Филипче е во состојба да продаде сè само за да стигне до фотелја, потенцирајќи дека за опозицискиот СДСМ не постои ништо свето.

Тоа се луѓе за кои е докажано дека се печалбари во политиката. Луѓе кои живеат од народот, а не за народот. Дури и го навредија нашиот прерано починат Јовица Илиевски. Има работи кои се свети и има работи за кои мора да има граница. Имам многу што да кажам и да вратам на таквото нечовечко однесување, но барем тој што го кажуваше сето тоа и ги кажуваше сите тие навреди, ќе посакам да биде барем половина човек од тоа што беше Јоцо, силен, одмерен, чесен. Човек каков што тие не можат ни половина да бидат. Навредите кои ги упати покажуваат дека имаме работа со личност која го изгубила, за жал разумот, личност која работи и манипулира со ситни страсти – рече Мицкоски.

Човек кој знае дека ќе одговара за тоа што го правел додека беше дел од минатата влада и затоа е исплашен, додаде тој.

И човек кој ќе ви го сврти грбот и е во состојба да продаде сè, па и сопствената душа само за да се добере до фотелја. Бидејќи тој тоа го прави овде во Брвеница, утре ќе го прави и со нашиот источен сосед и со националните и државни интереси. Со честа на сите вас. Едноставно таков му е менторот, такви му се учителите. За овие луѓе не постои ништо свето, па ниту Брвеница – рече Мицкоски на митингот во Брвеница.

Поврзани вести