Skip to main content

Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

Кошаркарска федерација на Македонија
Кошаркарска федерација на Македонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар. По стартниот пораз од Романија во Куманово за селекторот Марјан Илиевски и за играчите победите ќе бидат императив. 

Селекторот Илиевски не направи никакви проемени и за Унгарија (Шолнок 9.август) и за Романија (Орадеа 13.август) ќе патуваат 15-те играчи кои беа во комбинација и за натпреварот во Куманово, што значи дека Илиевски нема да менува ништо во своите планови. 

Истите играчи остануваат во тренажниот процес и во комбинација за следните натпревари вкупно три до крајот на претквалификациите. 

Утре се игра и дуелот од второто коло меѓу Романија – Унгарија.