Skip to main content

Ова е бизнисменот кој го превезол Груби со дипломатско возило во Косово

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Папранику ја презел позицијата конзул.

Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол, пишува Телма.

Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.

А, пак, поранешниот директор на државната лотарија знаејќи или незнајќи дека за него се води истрага одамна ја напуштил земјата. Овие сознанија вечерва во гостување во телевизијата ТВ21 ги соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Извор: Телма

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort