Skip to main content

Манчестер Јунајтед и Њукасл во трка за Словенецот Шешко

 Фудбалерот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, може да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата, објави „Скај Германија“.

Манчестер јунајтед е подготвен да ја изедначи понудата на Њукасл за 22-годишниот Словенец. Њукасл претходно понуди 75 милиони евра за играчот.

Шешко игра за Лајпциг од 2023 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот одигра 45 натпревари, постигна 21 гол и имаше шест асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 70 милиони евра

Поврзани вести