
Претседателката Гордана Силјановска Давкова во својот говор на Мечкин Камен потсети на еден факт кој е поврзан со негирањето на македонскиот јазик од страна на Грција и Бугарија. Тоа е излегувањето на Абецедарот,односно букварот на македонски јазик од страна на Грција пред точно еден век.

Претседателката за Илинден потворно ја отвори оваа тема и праша зошто Грција не го одбележува излегувањето на овој Абецедар?

Што е Абецедарот
Абецедар е буквар на македонски јазик подготвен од специјална комисија на грчката влада, под меѓународен притисок и покровителство на Друштвото на народите а отпечатен во Атина во мај 1925 година со лерински народен говор на приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис.

Кратко после неговото печатење Абецедарот бил запленет и уништен од страна на грчката влада,. Во 2006 година е дозволено повторно преиздавање на Абецедарот од страна на партијата „Виножито“.
Игор Чавески