Skip to main content

Уште малку дожд, па разведрување: Топол викенд, но август почнува посвежо и нестабилно

Долготрајните врнежи кои вчера ја зафатија Македонија донесоа значителни количини дожд. Нестабилно време со повремени врнежи се очекува и денес и утре, особено во Скопје и околината. Преодно стабилизирање на времето се најавува од петок.

Температурите и натаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, со дневни вредности околу 25 степени во повеќето делови од земјата.

Во наредните денови

„Од петок ќе започне разведрување и постепен пораст на температурите, но утринските часови ќе останат свежи до крајот на неделата. Минималната температура ќе се движи околу 17 степени, додека во сабота максималната ќе достигне до 35 степени“, велат метеоролозите.

Најтопол ден ќе биде недела, со температури до 35 степени, но веќе од попладневните часови се очекува нов бран нестабилно време со дожд и освежување.

„Долгорочните прогнози за првата половина на август укажуваат на посвежо и врнежливо време, со чести продори на постуден воздух од север. Подоцна во месецот се очекува потопло и посуво време, со температури нешто над 30 степени. Ваквата динамика на времето ќе го обележи целиот август“, се наведува во прогнозата.

Поврзани вести