Skip to main content

Четири години затвор побара Обвинителството за мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против мотоциклист кој на 1 јули годинава усмрти пешак на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Обвинителството бара најмалку четиригодишна затворска казна за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице.

Според обвинението, осомничениот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека – каде е строго забрането возење моторни возила – и тоа без возачка дозвола. Иако се движел со 35 km/h, брзината била опасна за условите на патеката. Неспособен да запре навреме, удрил во 67-годишниот Југослав Николовски и сопатникот на моторот. Пешакот подоцна починал во Ургентниот центар, додека сопатникот се здобил со полесни повреди.

Наместо да помогне, обвинетиот го напуштил местото на несреќата. Обвинителството бара и продолжување на притворот за него.

Поврзани вести