Skip to main content

Герасимовски: Субвенции за нови фасади во Пролет, решавање на кабастиот отпад, нова градинка во Маџир Маало

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Пролет и Маџир Маало, кои говореа за секојдневната живеачка, проблемите, но изнесоа и идеи кои ќе бидат реализирани, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Оттаму велат дека реновирањето на фасадите се едно од барањата на граѓаните.

Ние како општина даваме субвенции, покрај кровови и лифтови даваме субвенции и за фасади. Ги повикуваме граѓаните да дојдат во општина да се информираат за да ги искористат овие субвенции за реновирање на фасадите. Тука го сменинивме и поставивме ново осветлување, поставуваме и нова урбана опрема која што редовно треба да се сервисира“, рече градоначалникот Герасимовски.

Тој додаде дека со градот водат поголема војна редовно да го сервисираат проблемот со кабастиот отпад. Како што вели Герасимовски, општината неколку пати во текот на годината организира акции за собирање на кабаст отпад и има и телефонски линии за оние кој што им треба помош во делот на отсранување на отпадот од домовите.

Мора да се најде решение и за проблемот во Маџир Маало со брзото возење коли и мотори, ќе се направат нови патни премини, но каде што е потребно ќе се постават и лежечки полицајци.

Во новиот ДУП предвидена е нова градинка во Маџир Маало, изјави Герасимовски.

Поврзани вести