Ако за некој скандал за време на владеењето на ДУИ и СДСМ може да се рече дека е најголем тоа е сигурно Државната лотарија, попозната како златната кокошка од ДУИ. Се чини дека нема кој од ДУИ не е вмешан во неа. Денеска конечно почна да се отплеткува мрежата и се почна од најголемите „плетачи“-Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами.
Да, тие двајца се главата на октоподот наречен „Лотарија“ која за време на владеењето на ДУИ се претвори во нивна перална. Од каде да почнеме за да ја објасниме оваа мрежа.
Кој е кој во Лотарија
Главен „дон“ во оваа шема е дотичниот Прпарим Бајрами како директор на Лотарија. Негова сестра е Вјоса Бајрами која беше главна додека Талат Џафери беше главна додека тој беше претседател на Собранието, а потоа си ја зеде и во владата кога Џафери беше технички премиер.
Прпарим потиша договор со фирмата „Хеј“ од Визбегово за закуп на административно-деловен простор.„Сосема случајно,“ таа фирма е на семејството Јагоски од Пуцко Петрол кои се главни финасиери на ДУИ.
Одиме со уште една „случајност“. Најголемиот донатор на ДУИ, Еуровиа, издаде дуќан на Државна лотарија водена од директор на ДУИ, во случајов на Бајрами.
МНР на Бујар Османи на таа истата Еуровиа и плати и 900.000 евра за изнајмување на возила за време на Самитот на ОБСЕ минатата година.
Пресметките покажаа дека изнајмувањето на автомобилите реално чини три пати помалку. A да, Еуровиа е најголем донатор на ДУИ.На таа пара и треба да врати нешто во Мала Речица.