Skip to main content

Татко и син убиени на Словенска плажа

Blake Dunn on Unsplash
Словенска плажа

Татко и син биле убиени од огнено оружје на Словенска плажа во Будва. Како што пишува порталот CdM осомничен за двојното убиство, со иницијали С.С. (65), брат, бил чичко на еден од убиените. Осомниченото лице било приведено.

„Утрово околу 8 часот, Дежурната служба на Одделот за безбедност во Будва доби известување дека на улицата „Словенска Обала“ било употребено огнено оружје. Полициските службеници веднаш реагирале на местото на настанот каде го затекле осомничениот С.С. (65), пронашле огнено оружје и го уапсиле“, соопшти црногорската полиција.

Братот и внукот на осомничениот починале од последиците од употребата на огнено оружје. Според очевидци на трагедијата ѝ претходела расправија околу превозот на патници со брод.

Поврзани вести