
Два пакистански безбедносни извори за „Ал Џезира“, под услов да останат анонимни, информирале дека преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат пред петок иднава недела.
Изворите истакнале дека до овој заклучок дошле врз основа на „слетувањето на два американски тешки транспортни авиони, C-17 Глубмастерс, во воздухопловната база Нур Кан во Равалпинди“, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад.
Тие додаваат дека патиштата од аеродромот до Исламабад се „привремено затворени, што укажува на зголемени безбедносни мерки“.
Како последна причина зошто веруваат дека преговорите меѓу делегациите на САД и Иран ќе се одржат пред петок, изворите го наведуваат тоа дека од хотелите „Серена“ и „Мериот“ во Исламабад посетителите само заминуваат, „а нови резервации не се дозволени до петок“.
Првата рунда разговори меѓу САД и Иран се одржа на 11 април во хотелот „Серена“ во Исламабад.

Македонски


