
Собранието ја стави на дневен ред расправата за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Како што е објавено на веб-страницата на парламентот една од точките на предлог-дневниот ред за 64. пленарна седница, закажана за 29 јули е интерпелацијата на Коцевски.
Интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител кон крајот на јуни годинава ја поднесе пратеничката група на опозициската Левица поради, како што наведоа од партијата, нефункционалност и политички влијанија врз работата на Јавно обвинителство.