Skip to main content

Скопје веќе на 30°C – ќе се собори ли температурниот рекорд од 43,4 степени

Уште во раните утрински часови, Скопје веќе мери 30 степени, а за денеска се најавуваат екстремни 43 степени Целзиусови. Пред нас е потенцијално најтоплиот ден во последните 100 години.

Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со слаб до умерен, а локално и повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури се движат од 14 до 23 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 37 и 43 степени.

Во главниот град ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура се спушти до 21 степен, а максималната се очекува да достигне до 43 степени.

Според метеоролозите, на 24 јули 2007 година беше измерена највисоката температура откако се вршат мерења во земјава – 43,4 степени во Скопје. Дали денешниот ден ќе го собори овој историски рекорд, останува да видиме.

Поврзани вести