Skip to main content

Утрово претрес во домот на Груби, тој уште не е дома, а го нема ни екс-директорот на Лотарија

Во голема полициска акција на МВР утрово направен е претрес на повеќе места, а во врска со сомнежи за организиран криминал во Лотарија на Македонија. Меѓу останатите, како што дознава „Република“, направен е претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој не беше пронајден таму.

Како што преку социјалните мрежи потврди, Груби е во Косово, но тврди дека не пребегнал, ниту е во бегство, туку планира да се врати. Против него веќе се води истрага за друг случај, за вмешаност во судски процес, за кој се најде на американската црна листа.

Во случајот со сомнежите за тежок криминал во Лотарија, во моментот се трага и по поранешниот директор Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот и за кого, како што дознаваме, постојат сомнежи дека пребегнал на Косово уште пред неколку месеци. Неговото семејство, наводно, ветило дека тој ќе се врати.

Во неговиот дом, според нашите извори, пронајдена се поголема количина на пари, над 50 илјади франци во кеш.

Паралелно, во тек е и акција против мафијашките кланови.

Синоќа се апсеја членови на клановите Дуќанџиќ и Арачиново. Засега уапсени се 7 лица. Пронајден е кеш и оружје, се трага по уште оружје кое е сокриено, а за кое полицијата има траги и сознанија. Со акцијата се расветлуваат неколку познати, најмалку 4 убиства меѓу клановите.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom