Украина побара јавно извинување од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), бидејќи на картата прикажана за време на жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година, полуостровот Крим не е дел од територијата на земјата, јави ДПА.
На мапата на ФИФА се прикажани земјите кои не можеа да играат една против друга од политички причини, на неа Крим не е вклучен во границите на Украина.
Русија го анектираше украинскиот полуостров во 2014 година – чекор кој беше осуден од меѓународната заедница.
– Не само што постапивте спротивно на меѓународното право, туку и ја поддржавте руската пропаганда, воените злосторства и криминалната агресија против Украина, напиша портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георгиј Тихи на социјалната мрежа X. Тој побара јавно извинување од ФИФА.
Портпаролот на ФИФА рече дека графиката е веќе отстранета од видеото и дека прашањето се разговара со украинските претставници