Skip to main content

УЕФА забрани мечевите од домашните првенства да се поклопуваат со европските

Натпреварите во домашните натпреварувања не смеат да се совпаѓаат со европските…
УЕФА им соопшти на сите национални асоцијации дека домашните првенства и купови не се совпаѓаат со датумите на европските клупски натпреварувања.


За сезоната 2027/28, беше испратено циркуларно писмо со потсетување дека исклучоци се можни само во вонредни околности.


Доколку преклопувањето е неизбежно, асоцијацијата мора навремено да контактира со УЕФА и да достави официјално објаснување.

УЕФА наведува дека целта на оваа одлука е да се заштитат и домашните и европските натпреварувања, првенствено заради навивачите, телевизиските преноси и фудбалот како целина.

Во случаи кога преклопувањето не може да се избегне, асоцијацијата или организаторот на натпреварувањето ќе бидат обврзани навремено да контактираат со администрацијата на УЕФА и да дадат официјално објаснување зошто е неопходен таков термин.

Поврзани вести