
Актуелниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин (59) на денешниот состанок на европската фудбалска организација во Берлин ја објави својата кандидатура за нов мандат.
Чеферин застана на чело на УЕФА во 2016 година, кога го замени Мишел Платини, а потоа беше реизбран двапати.
Иако претходно објави дека нема намера да се кандидира за четврти мандат, Чеферин се предомисли, наведувајќи оти сака да обезбеди стабилност во УЕФА во време кога европското фудбалско тело решително се спротивставува на начинот на кој Џани Инфантино ја води Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
Изборниот конгрес на УЕФА ќе се одржи идната пролет.

Македонски


