Skip to main content

Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ го донесоа својот блуз на Антички: Имаме што да раскажеме Охрид и јас за сите мои лета овде

Античкиот театар во Охрид викендов беше полн за настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ кои за првпат го донесоа својот блуз на овој простор по 27 години.

Не знам дали е до мене или до вас, овде ме немаше никој покането да пеам толку време. А, имаме што да раскажеме Охрид и јас за сите мои лета овде, во кампот ‘Градиште”, рече Џамбазов.

Секоја песна е блуз кој го живееле. Песни донесоа сеќавања, а кулминација беше изведбата на „Време за плачење“, па „Диши длабоко“ , „Шток ми бејбе“, „Хотел Македонија“… Секој стих, секој збор беше одраз на животот што Џамбазов го дели со народот. „Стојаково блуз“ ја напишал за селото Стојаково кое му е сега блиску до Дојран каде што живее, а таму го запознал семејството Мандалови, наследници на револуционерот Стефан Мандалов-Манданата, кој неговиот дедо, легендарниот актер Петре Прличко го играше во филмот „Мис Стон“.

 Рецитираше и песна од Константин Миладинов- „Не- непијам“.

„И племето, и семето“ Џамбазов рече дека ја напишал пред седум години, а во неа го пеел она што ни се случило пред 15 дена, откако Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024, а во конечната верзија на текстот се отстранети сите референци за „македонскиот јазик и идентитет“.

Публиката имаше можност да ужива и во специјалните музички гости: Тамара Тодевска, која со својата моќна интерпретација внесе нова димензија на вечерта. Ја отпеаја „Гушни ме“, текст напишан од Џамбазов, а отпеана со незаборавениот Влатко Илиевски и „Тажна љубов, среќна песна“, а со Пере од Нокаут- „Лебедот бел“ и „Бестрага“.

Концертот заврши со изведба на Dance me to the edn of love на Коен.

Поврзани вести