
На 15 и 16 јули 2025 година со почеток во 20 часот во Свечената Сала на Офицерски дом во Битола ќе се одржи десеттото јубилејно издание на фестивалот ХАРМОНИКИТЕ 2025.
На Фестивалот ке учествуваат Кирил Стојчевски, проф. д-р Илчо Јованов, Сашко Велков, Дарко Илиевски, Јове Кекеновски, Горан Алачки, Зисо Пуровски, Давид Велков, Димитриј Стојчевски, Давид Стојчевски,Мендо Ташковски, Дарко Кулевски, Димитар Митревски, Александар Николовски, Костадин Крстески, Софија Пуровска вокал, Петар Коштревски – кахон, Благојче Трајковски – кларинет.
Во среда на 16 ти јули во 14 часот ќе се одржи семинар во рамките на Фестивалот ХАРМОНИКИТЕ 2025 посветен на Македонската народна музика.
Во работниот дел на семинарот учествуваат еминентни Универзитетски Професори предводени од проф. д-р Илчо Јованов и гостинот од Србија проф. д-р. Зоран Ракиќ.
Организаторите на Фестивалот Сашко Савевски и Кирил Стојчевски. ветуваат прекрасни музички мигови со виртуозите на хармониката. Фестивалот е дел од БИТФЕСТ. Почетокот на двете Фестивалски вечери е во 20 часот.