Skip to main content

Стефановски: Подметнување пожар е неформален терористички чин

Опозицијата покажа дека е спремна на разни тактики за да го отргне вниманието од напредокoт на државата, посочува политикологот и безбедносен експерт Милан Стефаноски, кој во емисијата „За или против“потенцира дека во многу земји намерното подметнување пожари се третира како акт на тероризам за ширење несигурност и револт кај населението и така и се санкционира.

-Опозицијата, генерално, сите овие години наназад покажа дека дното не постои за нив и дека се спремни да преминат на разни тактики за да го отргнат вниманието од напредокот на државата. Во овој случај, мотивот е јасен, се сложувам дека институциите посериозно ја земаа во своите раце, бидејќи пожарите се деструктивни, па во таа смеисла одредени земји во ЕУ и светот подметнувањето на пожари со намера  го третираат како терористички акт, затоа што ја имаат истата рефлексија. Значи коа вие имате терористички акт создавате несигурност и револт и тогаш луѓето не се сигурни, гневни се и очекуваат системот да реагира и затоа подметнувањето пожар од ваков обем во некои држави се третира, но и ние можеме да го третираме за терористички акт затоа што вие тогаш освен што ја напаѓате природата и правите еколошки геноцид и генерирате многу финансии во обнова на природата, можат да настрадаат и човечки животи. Бевме сведоци дека такво нешто, за жал, се случи и во Македонија, неколку луѓе го загубија животот, потсетува Стефаноски.

-Вториот елемент е мотивот, зошто некој применува ваква тактика? Тоа е затоа што немате други тактики во својот ракав и затоа што вашиот политички опонент, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ добро ја тера работата и ја доведува државата во ред, иако треба време имајќи предвид што наследија од 7 години уништување на минатата власт на СДС/ДУИ, после една година е невозможно сите точки да ги корегирате, така она што на вас ви останува – а немате идеи, е да примените вакви злонамерни тактики кои на крајот на денот беа поткрепени со чести  прес-конференции посветени токму на таа тема, бидејќи друга тема тие и немаат. Или е трагедијата во Кочани или се пожарите. Така што во недостиг на тактики, тие можат да применат и според информациите што ги имаме фатени се подметнувачи кои имаат полтички врски со опозицијата и кои намерно предизвикувале пожари. Во таа смисла, мене не ме чуди такво нешто од нив во однос на ова. Граѓаните треба да си пресудат и да го кажат своети ан избори. Државата добро се справува со ова и покрај лимитаираните капацитети за справување со невоени закани, во кои треба да се инвестира во иднина, анализира Стефаноски за ТВ Алфа.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis