Денес, со почеток во 12:00 часот, во Македонската Филхармонија, Националниот џез оркестар ви подготви уште еден музичкиот спектакл – Новогодишен детски џез концерт, од најмладите за најмладите, на кој ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции.
Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Нашата сцена ќе ја разубават и ќе ја делат со Националниот џез оркестар следните учесници:
- Лена Илиевска
- Алексеј Ивановски
- Нела Манческа
- Ирина Давидовска
- Бисера Мојаноска
- Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев.
- Балетското студио за класичен балет и модерен танц “Балерина,” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски.
Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.
Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во нaјубавиот период од годината.