
Египет го имплементира кинескиот систем за воздушна одбрана „HQ-9B“. Веста ја објави пензионираниот египетски генерал-мајор Самир Фараг.
Системот има дострел до 200 км и максимална висина на пресретнување од 27 км. Секој фрлач може да носи осум ракети.
Овој систем покажа добри перформанси во неодамнешната индиско-пакистански конфликт кога пакистанските сили за воздушна одбрана покажаа дека варијантата на овој систем „HQ-9P“ може да ги пресретне индиските балистички ракети со краток дострел „Prithvi II/III“ и други воздушни закани.
Одлуката на Египет да го купи „HQ-9B“ се базира на стратешки, економски и политички размислувања.
Официјален Каиро се сврте кон Кина за модерни системи што би можеле да се испорачаат без ограничувања, додека западните земји ја ограничуваат продажбата на оружје. На пример, египетската флота на авиони Ф-16 сè уште е опремена со застарени ракети AИM-7 „Спероу“; испораките на германските системи за воздушна одбрана ИРИС-T беа одложени во 2022 година кога една серија беше пренасочена кон Украина наместо кон Египед, а американскиот Патриот PAК-3 се покажа како премногу скап.
Во исто време, Египет се соочува со регионални закани. Тензиите со Израел поради неговите акции во Газа и поддршката на Турција за исламистичките групи во Сирија претставуваат директен ризик за интересите на Каиро. Нестабилноста во Либија, амбициите на Етиопија во сливот на Нил и поморските предизвици во Црвеното Море го принудуваат Египет да проектира сила на повеќе фронтови.
Се тврди дека можностите на кинескиот систем ќе му овозможат на Египет да ја брани критичната инфраструктура како што се Суецкиот канал и неговите воени бази од воздушни напади.