Skip to main content

Панирана риба без брашно – не впива масло, ќе биде покрцкава, повкусна и поздрава

Пржената риба може да биде многу вкусно, но и масна и нездрава, доколку се приготви на погрешен начин.

Имено, при панирањето со брашно, рибата може да впие премногу масло, правејќи ја рибата масна и тешка. Меѓутоа, постои трик со којшто рибата ќе биде совршено крцкава и сочна, но и многу поздрава одошто кога се панира во брашно.

Зошто да ја приготвувате рибата без брашно?
Приготвувањето совршено крцкава риба може да биде предизвик. При пржењето, клучно е рибата рамномерно да се испече, но истовремено да остане сочна однатре. Честопати, панирањето со брашно не е најдобриот избор, бидејќи така рибата впива многу масло.

Но постои решение што професионалните готвачи често го користат за полесна, покрцкава текстура.

Решението лежи во пченкарниот скроб
Овој метод овозможува рибата да не впие вишок маснотии при пржењето, што ѝ дава крцкава коричка. Со овој едноставен трик, вашата риба ќе биде поздрава, помалку масна и уште покрцкава.

Пченкарниот скроб создава заштитен слој околу рибата, овозможувајќи ѝ да ја задржи својата крцкавост и истовремено ја спречува прекумерната апсорпција на масло.

Извалајте го секое парче риба во пченкарен скроб, а потоа внимателно спуштајте ги во врело масло. Пржете ја рибата додека добие златнокафена боја и крцкава кора, па ставете ја на хартиена салвета да се исцеди од вишокот маснотии.

Вака приготвената риба навистина ќе ве воодушеви со својата крцкава текстура и вкус, без притоа да биде премногу масна.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort