Skip to main content

Да си знаете: Од денеска поскапи патарини низ Србија

Во Србија од денеска се зголемуваат патарините за околу 4,2% по изминат километар.

Според пресметките на српските медиуми, возачите со автомобил за користње на автопатот од ганичкиот премин Прешево до Белград ќе плаќаат по 1.970 динари (15,85 евра) патарина, додека од Прешево до Суботица ќе треба да платат 2.815 динари ( 22, 64 евра) за патарина.

Износот на патарина зависи и од автопатот низ кој се вози. Така од Белград до Димитровград новата цена е 1.740 динари, Белград – Ниш 1.170 динари, Суботица – Димитровград 2.575 динари, Нови Сад – Ниш 1.490 динари и Ниш – Шид 1.690 динари

Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст, па затоа се препорачува да го користите, особено ако често патувате.

Сепак, важно е да знаете дека ако ја немате картичката што ја добивате при влегување на автопатот, или е оштетена или е стара повеќе од 24 часа, може да ви биде наплатена најдолгата дистанца од таа делница и дополнителните трошоци за итна постапка.

Поврзани вести