
Полицијата вчера го лишила од слобода Ф.Љ.(25) кој на 1 јули со мотоцикл удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје и го усмртил на пешачка патека во центарот на Скопје, по што го напуштил местото на настанот.
Во полициска станица во СВР Скопје денеска е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 1 јули 2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Министерството наведува дека по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ф.Љ. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.