Skip to main content
T_dEWYDBxqk

Мицкоски: 300 вработувања со новата инвестиција во автомобилската индустрија вредна повеќе од 30 милиони евра

Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата, рече на денешната прес-конференција ретседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на „Гемтерм“, глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Гемтерм со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, изјави премиерот Мицкоски.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанија ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања.

Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар, потенцира Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорот на техничко индустриските зони, Димовски и до министерот за надворешни работи и надворешна политика за заложбите за остварување на оваа инвестиција.

Ова не е само утре една инвестиција, ова е двигател на нашата економија, со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, додаде Мицкоски.

Минатата година ја завршивме со рекорно највисоко ниво на директни странски инвестиции со една милјарда 255 милиони евра.

Поврзани вести