Skip to main content

Во наредните денови температури и над 40 степени

Freepik

Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Дува умерен, повремено засилен северен ветер, со температура до 38 степени.

Од УХМР со најава дека во наредните денови ќе следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C.

В недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести