Skip to main content

Одземено возило на маж кој возел пијан, брзо, без возачка и со истечена регистрација

Вчера во 13.30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(55) од Виница.

При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено.

При тоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Против М.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а и 383 од Кривичниот законик.

Поврзани вести