Skip to main content

Самостојна изложба на Ариел Хасан во МСУ Скопје

Во соработка помеѓу МСУ – Скопје, Владата на Јужна Австралија, CreateSA и GAG Art Advisory, на 3 јули во 20 часот во Музејот на современа уметност Скопје ќе биде отворена изложбата „Трагедија на еднаквоста IV (T.O.E. IV) – Буткање на рака“, првото самостојно претставување на Ариел Хасан во земјава. На отворањето на изложбата ќе се одржи и перформанс под истоимениот наслов. Куратор на изложбата е д-р Мелентие Пандиловски, JOLT ARTS, Мелбурн.

Проектот имаше три претходни различни итерации: HEADSHAVING BATTLE (Битка со бричење глава) во Токио, MUD WRESTLING (Борење во кал) во Аделаида, and KNIFE FIGHT (Борба со ножеви) во Берлин. Четвртиот чин во Музејот на современа уметност во Скопjе, кој ќе се одржи во периодот јули – август 2025 година, претставува натпревар во буткање на рака помеѓу двајца рамноправни натпреварувачи, кој се одвива на триаголна издигната платформа дизајнирана од уметникот и изградена специјално за оваа пригода.

Ариел Хасан е роден во Аргентина, но своите формативини години ги поминал во Аргентина, САД и Шпанија. Во 2005 година, тој ја воспостави својата уметничка кариера во Австралија. Последователната преселба во Германија во 2008 година го означи почетокот на едно континуирано транснационално постоење, при што уметникот сега работи на своите проекти во ателјеата помеѓу двата континента. Со испитување на сликарството како портал кон човечката свест, Хасан ги надмина традиционалните граници на медиумот, негувајќи сингуларен визуелен јазик што се одвива низ различни форми на изразување – практика обележана и со експанзивно експериментирање и со несомнена индивидуалност. Неговата работа, која се карактеризира со самонаметнати правила и непредвидливи исходи, ја формира основата за појава на сложени визуелни наративи. Тој досега имал самостојни изложби во Австралија, Шпанија, Јапонија, Сингапур, Австрија и Кина, а учествувал и на различни групни изложби вклучувајќи ги Биеналето Кочи-Музирис и Биеналето во Каиро. Неговите дела се застапени во повеќе јавни збирки

Д-р Мелентие Пандиловски е директор, теоретичар и куратор. Неговото истражување, кое вклучува над 200 курирани проекти и бројни публикации, ги испитува врските помеѓу уметноста, културата, науката и технологијата. Тој живее и работи во Мелбурн, Австралија. Неговите улоги вклучуваат Creative Producer International во JOLT Arts во Мелбурн, Австралија; потпретседател на Меѓународното здружение на уметнички критичари (AICA) Македонија; член на Комитетот за дигитална уметност ACM SIGGRAPH.