Skip to main content

„Харец“: Изрелските војници намерно пукаат во невооружени Палестинци кои доаѓаат за хуманитарна помош

Израелски војници велат дека дека добиле наредба намерно да пукаат во невооружени Палестинци кои се собираат за хуманитарна помош во Газа, пишува израелскиот весник „Харец“.

Сведоштвата на војниците што ги пренесува весникот, опишуваат отворен оган врз цивили, без предупредување и без тие да претставуваат каква било закана, користејќи митралези, минофрлачи и фрлачи на гранати.

Не сум свесен за ниту еден случај на возвратен оган. Нема непријател, нема оружје“, вели еден војник.

Таму каде што бев стациониран, помеѓу еден и пет лица беа убивани секој ден“, се присетува друг.

Од крајот на мај, наводно, над 549 Палестинци се убиени, а повеќе од 4.000 се ранети во близина на местата за добивање хуманитарна помош. Војниците велат дека убивањето станало рутинско, а Газа „паралелен универзум“ каде што палестинскиот живот нема вредност.

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Иако израелските власти ги негираат обвинувањата, Генералниот воен адвокат отворил формална истрага за воени злосторства.

Поврзани вести