Skip to main content

Изложба на цртежи на Тони Васиќ во Виена

Во изложбениот простор на Амбасадата на Македонија во Виена од вчера е отворена самостојна изложба на цртежи на македонскиот уметник Тони Васиќ, насловена „Омеѓени приказ(н)и III”.

Таа е 15-та самостојна изложба на авторот кој претходно со свои дела се претставувал во Македонија и во странство.

Тони Васиќ учествувал на повеќе од 500 групни изложби и е добитник на 15 национални и интернационални награди за уметност и дизајн.

Изложбата ја отворил амбасадорот на нашата земја во Австрија, Освит Росоклија.

Поврзани вести