
Ноќва околу 03.45 часот на патот Тетово – Гостивар полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.О.(50) од Гостивар затоа што ги омаловажувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Б.О., кој управувал патничко моторно возило
„порше“ со гостиварски регистерски ознаки, сторил прекршок по член 26 од Законот за возила, за што му е одземена возачката дозвола и даден платен налог за сторениот прекршок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.