Skip to main content

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е уапсен охриѓанец откако при претрес кај него се пронајдени дрога и пари.

-Полициски службеници од СВР Охрид денеска го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари – се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести