
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, останал во контакт со иранските претставници по нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран во текот на викендот, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјави од двајца високи американски претставници.
Но, неговите напори се соочуваат со значителна пречка бидејќи е исклучително тешко да се дојде до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, откако се повлекол на скриена локација поради ескалацијата на тензиите, велат изворите.
Американските претставници посочуваат дека 86-годишниот Хамнеи ќе мора да ги одобри сите важни дипломатски одлуки.