Skip to main content

Предвремени парламентарни избори нема да има-порака од Вреди до ДУИ

Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен,нагласи денеска координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во Собранието откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Вреди и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Беџети ја обвини власта за деградирање на албанскиот јазик и за игнорирање на Законот за употреба на албанскиот јазик.

– Демократската унија за интеграција (ДУИ) со барањето за предвремени парламентарни избори уште еднаш докажува дека се претворила во политичка партија без идеи и визии. Свесни дека секој ден сѐ повеќе се стеснуваат како политички субјект, соочени со континуирани напуштања од нивното членство, спасот го гледаат во измислените лаги кон нивните симпатизери дека наводно паѓа владата и ДУИ се враќа, но во тоа не верува ниту нивниот најтесен круг. Со Вреди во Владата нема веќе да си со 20 години работно искуство и да си сѐ уште како нов соработник. Денес имаме Албанци кои уживаат достоинство уште во првата година од нашето владеење. Вреди го претставува целосниот легитимитет на албанскиот народ, нешто што силно и јасно го доживеавме на последните парламентарни избори со 107.000 гласови, а уште појасно ќе го докажеме со апсолутната победа на претстојните локални избори – порача Ќоку.

Поврзани вести