
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ќе се работи на измени во Уставот на Србија, со кои ќе се овозможи за време на извршна постапка – извршување да се врши на се освен на семејна куќа или стан.
„Имавме постапки за спроведување за време на поранешниот блокадерски режим меѓутоа, би сакал да се донесат измени во Уставот за да може извршување да се спроведува на сè освен на семејна куќа или стан. Дека не можете да ги иселувате децата од 60 квадратни метри или 80 квадратни метри и дека се може да биде предмет на извршна постапка освен тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека ако ова се вклучи во Уставот, луѓето со послаба финансиска состојба ќе бидат побезбедни.
„Мислам дека посиромашните луѓе би биле посреќни, побезбедни и тоа би била голема промена и мислам дека можеме да одиме со тоа на почетокот на следната година“.