
Сударот на двата брода во Оманскиот Залив крај брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се должи на „навигациска грешка“, соопштија властите на ОАЕ, објави државната новинска агенција.
Танкерот за нафта „Адалин“ и товарниот брод „Фронт Игл“ се судрија рано вчера наутро, соопшти денеска Министерството за енергетика и инфраструктура на ОАЕ.
Инцидентот предизвика помала штета на двата брода, пожар што избувна во еден од резервоарите и мало истекување на нафта.
Организацијата „Гринпис“ предупреди на можни последици по животната средина.
Нема извештаи за повредени, соопшти министерството, додавајќи дека е во тек техничка истрага.
ОАЕ вчера соопштија дека нивната Национална гарда евакуирала 24 членови на екипажот од „Адалин“. Првичната истрага не утврдила поврзаност меѓу инцидентот и војната меѓу Израел и Иран.