Skip to main content

Автомобил излета од булевар во Скопје, двајца повредени

Денеска во 03.00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, Г.М. (54) од Скопје управувајќи патничко возило „Мазда“ изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот, при што се превртело.

Во несреќата Г.М. се здобил со тешки телесни повреди додек неговиот сопатник М.М (43) се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, иннформира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести