Skip to main content

Зајков ја продолжува кариерата во Обединети Арапски Емирати

Фрипик

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков ја продолжува кариерата во Обединетите Арапски Емирати, откако денеска потпиша договор со прволигашот Ајман.

Зајков се пресели во Обединетите Арапски Емирати без обесштетување откако му истече договорот со романска Универзитатеа Крајова.

Триесетгодишниот македонски репрезентативен стопер го носеше дресот на романскиот клуб изминатите три сезони во кои одигра 59 натпревари за клубот од Крајова.

Зајков, кој во националниот дрес досега зад себе има 39 натпревари, на клупски план настапуваше и за Работнички, Ворскла, Шарлроа, Левски и софиска Славија.

Поврзани вести