
Со реализирана инвестиција од 11, 7 милиони евра денеска се пушти во употреба магистралниот пат Охрид – Св.Наум. Патниот правец е во должина од 24,3 км и извршена е целосна реконструкција, a со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот се направи и растеретување на одредени косини, соопштија од Министерството за транспорт.

Во своето обраќање, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека овој е еден од најзначајните патни правци за Охрид кој е витален за целиот охридски регион и за туризмот.
Навистина ми е драго што eве сме покрај Зaливот на Коските, најпосетуваниот Mузеј во Макeдoнија кој што од денеска е достапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира, овој пат е витален за целото крајбрежје и за целиот туризам. Она што ми е особено драго е тоа што се направи модерен пат и по кој побрзо преку целата година ќе можат да стигнуваат и луѓето кои што живеат и на овој дел од езерото, а исто така и туристите полесно да комуницираат. Овој пат не беше реконструиран и не беше чепнат на одредени делници од годините кога прв пат бил правен, кога во поранешната држава генералот Карангелески го пробивал, па се до реконструкцијата не бил чепнат овој пат. Еве сега е завршен и реконструиран и ќе помогне на туристите и на жителите полесно да комуницираат.

Тој најави дека Министерството работи на уште големи проекти.
Оваа Влада е само 11 месеци, Влада која се соочи со огромни проблеми, 7 години имаше пустош во Македонија, инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект. Имаше бројни проблеми, дали на релизациаја на проектот или во лошо проектирање, кога влеговме ги решивме и се завршија. Би сакал лично да се заблагодарам на Премиерот бидејќи без негова подршка овие проекти и невозможно е да се реализираат. Ние имаме една силна активност, на една дневна основа се координираме како што се координиравме и денеска кога доаѓавме наваму. Тој лично ги следи проктите и затоа имаме успех. Претседателе благодарам. Благодарност и на сите кои се ангажираа и се ангажираат и за многу брзо време се гледаме за поголеми проекти и поубави работи. Нека е со среќа, многу туристи и многу убави форографии од ова прекрасно место кај што сме, се обрати вицепремиерот Александар Николоски.

На настанот покрај вицепремиерот Николоски, се обратија и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
